Брз како молња: Овој автомобил постигнува брзина од 1.000 км/ч.

Точка

05/12/2019

20:34

2.227

Големина на фонт

а а а

Бил на праг на банкрот, но добро се држи...

Bloodhound неодамна бил на праг на банкрот и за малку не престанал со своите проекти. Новите тестови сепак укажуваат на тоа дека не само што проектот трае уште туку суперсоничното возило покажало прекрасни резултати и за само 50 секунди постигнало брзина од 1.010 километри на час.

Иако резултатите звучат импресивно, сепак Bloodhound е шести на листата на најбрзи автомобили на светот.

Брзината од над 1.000 километри на час ја постигнува со помош на EJ200 млазен мотор, а следниот пат би требало да добие зајакнување во облик на ракета која ќе се најде во тунел под моторот.

Се очекува после тоа возилото да ја надмине брзината од 1.200 километри на час и така да го сруши светскиот рекорд во брзина.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг