Се јави еден од играчите на Арсенал по отказот на Емери: Ве оставивме на цедило, ние сме виновни

Дерби

29/11/2019

14:18

2.573

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот стратег, Унаи Емери по само 18 месеци поминати на клупата на Арсенал доби отказ по вчерашниот пораз од Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа.

За „топчиите“ ова беше седми натпревар по ред како не победуваат во сите натпреварувања и беше доволен показател за раководните лица на клубот да повлечат потег и да го отпуштат Унаи Емери.

Првата порака со поддршка за Емери стигна од вториот голман на тимот, Емилијано Мартинез кој истакна дека единствено играчите се виновни за отказот на шпанскиот стратег.

– Во благодарам Унаи Емери и Хави Гарсија. Жал ми е што ве оставивме на цедило, ова е наша вина затоа што не игравме како што треба. Сигурен сум дека ќе се сретнеме повторно, - напиша Емилијано Мартинез на својот Твитер профил.

Инаку Емери го предводеше Арсенал на вкупно 78 натпревари во сите конкуренции и победи на 48 средби, 16 пати ремизираше, а забележа и 19 порази.



Спонзорирани линкови

Маркетинг