Истражителите уште собираат документи во зградата на СЈО

Макфакс

26/11/2019

17:22

1.075

Големина на фонт

а а а

Истражителите кои ги испрати обвинителката Вилма Русковска да ја подигнат фианансиската документација за надоместоците кои екшефицата на СЈО, Катица Јанева, им ги делела на нејзините колеги, стручните соработници, истражители и други вработени речиси четири часа поминаа во зградата на СЈО.

Вработените во СЈО по завршувањето на работното време излегоа од задниот влез на Обвинителството. Нема информација од СЈО до кога се очекува да останат истражителите внатре.

Извори од СЈО тврдат дека истражителитите кои ги испратила шефицата на организиран криминал, Вилма Русковска, ги барале одлуките за високите исплатени надоместоци за вработените и договорите кои ги имале со СЈО.

Обвинители од СЈО, кои не сакаа да говорат јавно, зад камерите тврдат дека нема незаконитост во доделувањето на парите, бидејќи и додатоците и надоместоците биле исплатени во согласност со Законот за СЈО и за тоа знаеле и Советот на јавните обвинители и Собранието кое го изгласало нивниот буџет.

Според базата „Отворени финансии“, Катица Јанева во својот мандат добила дополнителни 157 илјади евра. Само за 2019 година зела 28 455 евра. Јанева седум месеци си доделувала по 4.000 евра како надоместоци за доверливост, да не се откриваат разговорите од прислушуваните материјали.

Јанева им давала високи суми и на своите соработници. Нивната висина се движела од 50 илјади денари до 180 илјади денари месечно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг