Дончиќ е играч на неделата во НБА лигата

Дерби

26/11/2019

10:53

855

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и членот на Бруклин Нетс, Спенсер Динвиди се прогласени за играчи на наделата во НБА лигата.

Словенецот беше спектакуларен против Сан Антонио Спарс, Голден Стејт Вориорс, Кливленд Кавалирс и Хјустон Рокетс, односно го водеше неговиот тим до учинок од 4-0 со просек од 37 поени, 8,5 скокови, 11,5 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар.

Од другата страна, на Истокот, Динвиди доминираше против Индијана, Шарлот, Сакраменто и Њујорк или поточно имаше просек од 25,3 поени, 3,5 скокови, 6,8 асистенции и 1,3 украдени топки што беше клучно за Бруклин да има позитивен биланс 3-1. Ова беше доволно Спенсер да биде прогласен за најдобар играч во источната конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг