Главниот осомничен за убиството на новинарката ја шокираше Малта: Ќе ви откријам сè, но вие ќе мора да направите нешто за мене...

Точка

25/11/2019

09:35

4.795

Големина на фонт

а а а

Главниот осомничен во истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција, побарал имунитет во замена за информации за тој случај.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, милионерот Јорген Фенеч побарал имунитет за време на неговото испрашување во врска со бруталното убиство на истражувачката новинарка на Малта.

Се смета дека тој располага со информации во врска со убиството, односно дека е вмешан во ликвидацијата. Наводно од семејството на новинарката сметале дека тој дури е и меѓу нарачателите на убиството.


Тој сега побарал имунитет, во замена за информации во врска со убиството. Одлуката за тоа ќе треба да ја донесе премиерот Џозеф Мускат кој веќе му додели имунитет на другиот осомничен, Мелвин Труни, во замена за информации.

За време на испитувањето, Фенеч започнал да се жали на болки, па бил пренесен во болница каде што се наоѓа со полициска придружба. Ако после 24 часа биде се во ред со него, тогаш ќе биде вратен на испитување.


Инаку, Јорген Фенеч минатата среда бил уапсен на неговата луксузна јахта додека се обидувал да побегне,

Истражувачката новинарка Галиција беше брутално убиена со автомобил бомба на 16-ти ноември 2017-та година. Таа во минатото откриваше бројни малверзации, а премиерот на Малта го обвини дека медитеранскиот остров го претворил во „мафијашки остров“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг