Инспекција ќе проверува дали дадилката која го истепа 2-годишното дете во скопски Аеродром имала лиценца

Точка

23/11/2019

17:08

9.994

Големина на фонт

а а а

Од македонската асоцијација на дадилки сметаат дека лиценцата не е доволна за да се процени личноста на која и се доверуваат децата.

Според претседателката на асоцијацијата потребна е поголема контрола. Кандидатите прво да поминат соодветна обука па потоа да се полага за дозвола за дадилка во домашни услови.

МТСП ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Агенцијата преку која била ангажирана дадилката кoja истепа 2-годишно дете во скопски Аеродром. Вработените во одделот за детска заштита треба да проверат дали жената има соодветна лиценца за да чува деца.

„Најголема контрола треба да биде во тоа кој воопшто може да полага за лиценца. Понекогаш самите медицински наоди на одредени кандидати не се доволен доказ, бидејќи за во домашни услови можат да полагаат кандидати со било какво образование. Сметаме дека треба да одиме во насока на образование. Односно, негователките кои немаат соодветно образование би поминале процес на сертификација“, вели Сања Аризанов, претседател на Македонската асоцијација на дадилки, за Сител ТВ.

И последниот и случајот од пред четири години на малтретирање деца од страна на дадилки беа откриени преку безбедносните камери. Жената од Аеродром од вчера е во 30-дневен притвор, а негователката од Ѓорче беше осудена на 14 месеци затвор.

Извор: Сител



Спонзорирани линкови

Маркетинг