Погледнете како се печатат згради во 3Д за само 5 дена со технологијата која е “бум“ во светот

Точка

22/11/2019

20:38

7.301

Големина на фонт

а а а

Технологијата за 3Д печатење куќи, но и поголеми објекти сè повеќе ја стекнува својата популарност во светот.

Предноста кај оваа технологија се брзината, ефикасноста, пониските трошоци, но и помалку материјал.

Кога се појави оваа технологија во светот сите беа во неверување, но дека може да се “испечати“ 3Д зграда докажа Кина која штотуку направи една од најголемите згради која е направена токму со оваа технологија.

Двокатната работна зграда успешно била испечатена по пат на 3Д во градот Хејуану, јужно кинеска провинција во Гуангдунг.

Оваа зграда е висока 7.2 метри, а се простра на 230 метри квадратни.

Благодарение на печатарот, времето на градењето на зградата било намалено и траело само пет денови и ги намалило трошоците за 40 отсто.

Преднста на овие згради е тоа што имаат и гаранција, а во случајот на новонаправената зграда гаранцијата ѝ е 50 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг