Златен тоалет со дијаманти вреден 1,3 милиони долари

Точка

22/11/2019

16:03

2.365

Големина на фонт

а а а

Екстравагантните тоалети повеќе не се нешто необично и неочекувано, напротив, станаа дел од нашето секојдневие.

Сепак, овој тренд на сосема ново ниво нѝ носи тоалетна школка дизајнирана од злато, која доаѓа со 40.815 дијаманти на нејзините рабови.

Ексклузивниот тоалет го произведува брендот „Coronet“, еден од „Aaron Shum Jewelry“ брендовите. Благодарение на своите неверојатни спецификации, тоалетната школка ќе добие свое место во Гинисовата книга на светски рекорди, за најмногу дијаманти искористени на тоалетна школка.

Сепак, мора да нагласиме дека тоалетот официјално не е достапен за купување, туку веројатно ќе може да се види во музеј, каде повеќе луѓе ќе можат „да уживаат во него“.

Ова инаку не е првпат вестите за златен тоалет да го освојат светот. На почетокот на оваа година, тоалетот од чисто злато, наречен „America“ е украден од „Blenhem Palace“, родното место на Винстон Черчил.

Слично на тоа, во 2001-ва година, бизнисмен од Хонг Конг според наводите потрошил повеќе од еден милион на тоалет кој во себе содржел и златна тоалетна школка.

Доколку се квалификува за Гинисовата книга на рекорди, златниот тоалет на „Coronet“ ќе биде 10-от нивни рекорд, бидејќи славниот бренд веќе ја носи титулата за најмногу дијаманти на часовник и чанта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг