Еколошката активистка Грета Тунберг (16) е патник низ времето, убедени се некои корисници на социјалните мрежи кој споменатиот заклучок го извлекле од оваа фотографија која е стара 120 години.
На црно белата фотографија, направена во Канада во 1888-та година, прикажани се деца кои извршуваат некаква физичка работа, а едно од девојчињата навистина изгледа како Грета.
Тоа било доволно, откако фотографијата која се чува во архивите на Универзитетот во Вашингтон завршила на социјалните мрежи, поединци да почнат да пишуваат дека Грета поминала повеќе од еден век живеење и дошла да нè предупреди за климатските промени.
„Таа е, зарем не? Таа е патник во времето и доаѓа да нè предупреди за иднината. Тоа е единственото објаснување“ - гласи коментарот на Твитер.
Каков и да е вашиот впечаток јасно е дека станува збор за интересна случајност која веројатно повторно ќе покрене полемики за Грета.