Има атмосфера како Земјата, има ветер, дожд и планини, и е едно од најдобрите места за барање на живот

Точка

20/11/2019

11:46

1.831

Големина на фонт

а а а

Тим на истражувачи на НАСА и Европската вселенска агенција ја објавил првата глобална геолошка карта на Титан, најголемиот сателит на Сатурн. Астрономите користеле податоци добиени од сондата Касини меѓу 2004-та и 2017-та година за правење на мапата.

На сликата, објавена во специјализираното списание "Nature Astronomy"; се гледа дека површината на Титан е преполна со дини, езера, рамнини, висорамнини и кратери и дека има големи сличности со Земјата. 

Треба да се нагласи дека сателитот на Сатурн е единствено небесно тело во Сончевиот систем, покрај нашиот, кој на својата површина има стабилни течни тела.

"Титан има атмосфера како Земјата. Има ветер, дожд, планини. Тоа навистина е многу интересен свет и едно од најдобрите места во Сончевиот систем за барање на живот", рекла раководителката на истражувањето, Розали Лопез.

Научниците исто така заклучиле дека, како и на Земјата, пејсажот на Титан зависи од ширината. На пример, екваторијалното подрачје на Месечината е богато со дини.

"Изненадувачки е колку е јасна распределбата на географската ширина", рекла Лопез, која површината на сателитот на Сатурн ја опишала како "една од геолошки најразноликите во Сончевиот систем".

Сателитот на Сатурн има густа атмосфера составена во главно од азот, која служи како природен штит против сончевото зрачење и атмосферски притисок и речиси е иста како на нашата планета.

Покрај тоа, поседува значајни резерви на течни јаглеводороди и стотина пати поголеми резерви на нафта и природен гас од резерви на Земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг