Вест која ја обиколи Европа: Тамара цели кон освојување на светскиот музички пазар

Точка

19/11/2019

21:00

6.751

Големина на фонт

а а а

По неколкумесечната пауза, Тодевска се враќа на музичката сцена со нова песна насловена „Monsters“.

Позади песната стои истиот тим кој работеше на евровизиската песна „Proud“.

„Последните неколку месеци се посветив на снимањето на мојот нов албум, а Monsters е само мала најава за она што ќе следи во наредниот период. Албумот го работам со Роберт Билбилов, Дарко Димитров и со Лазар Цветковски. Македонските текстови ги пишува Игор Џамбазов, а за англиските е задолжен Коста Петров“, открива пејачката.

За овој нов и доста амбициозен проект, Тодевска направи и необична фотосесија која ја објави на социјалните мрежи во вид на видео.

После неверојатниот успех кој Тамара го постигна на Евровизија 2019, постојано дискретно нѝ покажува дека она што следи е - светска кариера!

Тамара е вокал со кој Македонија може да се гордее, а она што одамна го зборуваат и нејзините фанови, е дека нејзиното место е на поголема сцена од нашата.

Се разбира, ни помалку ни повеќе - се мисли на светска сцена, односно на светска музичка кариера. Ја очекуваме „Monsters“ што поскоро!




Спонзорирани линкови

Маркетинг