Корисниците толку многу се бесни на новата реклама за iPhone, што сакаат да се забрани: „Имам пост-трауматски стрес“

Точка

19/11/2019

18:35

1.707

Големина на фонт

а а а

Рекламата за iPhone 11, која започнува со звукот на алармот на мобилниот телефон, ја разлутила екупата на социјалните мрежи во толкава мера што некои бараат да се забрани.

Им засметал звукот на алармот на почетокот на рекламата, со оглед дека ги потсетува на будењето на почетокот на работниот ден.

„Ја мразам рекламата за iPhone 11 која почнува со звукот на алармот. Секој пат доживувам мал срцев удар и имам пост-трауматски стрес.“

„Не можам да ја поднесам рекламата за iPhone 11. Зошто мора да почнува со тој ужасен звук од алармот? Душата ми се тресе од него.“

„Рекламата за iPhone 11 која почнува со звукот на алармот треба да се забрани што поскоро. Тој звук предизвикува страв во мене.“

„Бесен сум поради рекламата. Скокам секој пат кога ќе го слушнам тој проклет аларм. Кој ја смислил?“

Психологот Џејсон Окалаган за „Unilad“ објаснил дека луѓето тој звук го поврзуваат со раното будење.

„На луѓето тој звук им претставува знак дека треба да станат и да побрзаат на работа, а сега почнале да го слушаат и во слободното време кога ја гледаат рекламата. Сè се базира на позитивно или негативно поврзување. На пример, голем број лајкови кои ги добивате на Фејсбук ќе ги поврзете со позитивни емоции, а добивањето казна за пребрзо возење - со негативни. Звукот на алармот кај луѓето предизвикува анксиозност“, вели тој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг