Судбината на Златан Ибрахимовиќ е во нејзини раце: Постара е од него 11 години, а уште пред да бидат заедно “тежела“ милиони

Точка

18/11/2019

20:32

4.274

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ делува многу егоцентрично и доминантно особено на терен кон своите ривали, но надвор од него тој е предаден само на една жена - Хелена Сегер.

Веќе повеќе години тие двајца се во брак и имаат двајца синови. Кога Златан ќе го прашате за неговото семејство, ќе добиете одговор дека тие му се најважни, а доколку го прашате да искоментира некоја жена тој секогаш вели:

„Како тоа мислите други жени? Јас сакам само една жена“.

Јасно и гласно Ибрахимовиќ на светот му дава до знаење дека Хелена Сегер му е поважна од сите. А, сега се поставува друго прашање, дали е подготвен поради 11 години повозрасната сопруга да го избере фудбалскиот клуб во кој ќе игра само поради нејзина волја.

Болоња прави сè што може за во зимскиот рок на трансфери да го земе Златан Ибрахимовиќ, но неговата сопруга сака тој да оди во Милан, пренеле италијанските медиуми.

Болоња се наведува како фудбалски клуб кој има најголеми шанси да го земе Златан, со оглед на пријателството на Ибрахимовиќ и тренерот на тој клуб, Синиша Михајловиќ кој како што знаеме боледува од леукемија.

Сепак, сопругата на Златан сака да се врати во Милано каде што овој напаѓач играше од 2010 до 2012-та година. Таа и самата повеќе пати истакнала дека најубавиот период ѝ бил кога Златан играл во Милано.

„Кога го запознав Златан имаше 21 година, а јас 32. Имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер за да ме храни и издржува. Бев самостојна, а тој дури и не беше мој тип на маж. Првпат кога го видов, го забележав само неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Бев лошо расположена и му врескав. Мислам дека тоа му се допадна“ - вели Сегер.

Оваа згодна русокоса не сака да се експонира во медиумите и на социјалните мрежи не објавува провокативни фотографии од луксузни дестинации, не се фали со своите скапоцени чевли, накит, облека, чанти... Таа секогаш оди на натпреварите на својот сопруг за да навива за него, а не за да биде во центарот на вниманието.




Спонзорирани линкови

Маркетинг