Роналдо проговори за Сари и „спорната“ измена: Иако бев повреден...

Точка

18/11/2019

16:04

1.907

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Португалија синоќа славеше против Луксембург со 2:0 на квалификациите за Европското првенство, а Роналдо повторно се запиша во листата на стрелците.

Роналдо игра одлично во националниот дрес, нешто што не може да се каже за неговите настапи во дресот на Јувентус. Португалецот на последниот натпревар против Милан беше заменет од Дибала, по што бурно реагираше.

„Сите знаат дека не сакам да излегувам од игра, но не беше проблемот во мојата реакција после измената. Иако бев повреден, се обидов да им помогнам на Јувентус“, изјави Кристијано Роналдо и додаде:

„Никој не сака кога го повлекуваат од игра, но тоа го разбирам затоа што не бев во така добра форма“, изјави Кристијано Роналдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг