Има ли нафта на Јадранот: На пролет првите бушотини, за оваа балканска држава 65 проценти од профитот

Точка

18/11/2019

17:18

2.978

Големина на фонт

а а а

На пролет би требало и дефинитивно да се знае дали има нафта во црногорското приморје.

Тогаш е планирана првата истражна бушотина, а компаниите кои ги направиле сеизмичките и геодетски истражувања собираат обемни податоци. 

Доколку се потврди дека црногорското подморје е богато со нафта, државата годишно би добивала 65 проценти профит од експлоатацијата на нафта и гас.

"Се надеваме дека ќе има нафта, а тоа не можеме да го знаеме пред средината на следната година ,кога ќе заврши првото истражно бушење", вели директорот на Управата за јаглеводороди Владан Дубљевиќ и објаснува што би значело пронаоѓањето на нафта за приходите на Црна Гора.

"Од вкупниот профит кој ќе се заработи од таа нафта, 62 до 68 проценти и припаѓаат на Црна Гора. Ако е профитот една милијарда, 620 до 680 милиони ќе и припаднат на државата", веле Дубљевиќ.

Грчката нафтена компанија Енергрин, која во првата фаза на истражувањето тргнала сама на два блока со површина од 338 квадратни километри, како и италијански Ени и руски Новатек, кои истражуваат блокови со површина од 1228 километри квадратни, собрале геолошки и сеизмолошки податоци.

Првата бушотина можеме да ја очекуваме пред почетокот на летната сезона, објаснува Дубљевиќ.

"Тогаш би требало да почне истражното бушење и тоа би требало да трае три или четири месеци", рекол тој.

Првата истражна бушотина ќе биде надвор од територијалните води на Црна Гора, на околу 22 километри од брегот. Првите истражувања почнале пред една година, се на основа на концесиски договор кој владата на Црна Гора го потпишала со компаниите Ени, Новатек и Енергрин.

Напоредно со истражувањето траат и големи отпори на еколошките здруженија кои се противат на овој проект.




Спонзорирани линкови

Маркетинг