Милијардерот Илон Маск сака да направи град на Марс: За тоа му се потребни 20 години и 1.000 вселенски бродови, а еве колку ќе чини

Точка

18/11/2019

17:16

2.271

Големина на фонт

а а а

Директорот на компанијата за вселенска технологија "Space X", Илон Маск, објавил дека ќе му бидат потребни 20 години и 1.000 вселенси бродови за да направи град на Марс, што е негова долгорочна визија.

Одговорајќи им на фановите на Твитер, Маск навел дека "Space X", според неговите проценки, ќе мора да изгради околу 1.000 вселенски бродови кои ќе пренесуваат товар, инфраструктура и екипаж на Марс во текот на 20 години, со оглед на тоа дека планетарното израмнување овозможува лет на Марс само еднаш во две години. 

Маск неодамна, на прославата на Денот на американското воздухопловство во Калифорнија рекол дека неговите трошоци за лансирање се од само околу 2 милиони долар по лет на вселенски брод, како и дека конечната цел е поставување на самоодржлив град на Марс.

Тој зборувал и за краткорочните потенцијали за вселенските бродови, кои ќе бидат дизајнирани за повторно користење, а во идеален случај ќе можат да летаат по три пати дневно.

Тоа изнесува повеќе од 1.000 летови годишно по вселенски брод, па така ќе може да се лансира повеќе од 10 милиони тони опрема и резерви во орбитата годишно.

Денешните капацитетите на вселенските бродови можат да пренесат околу 500 тони годишно, што значи дека има уште работа.

Секако, за на Марс да се постави траен, одржлив град, таму мора прво да се дојде со екипаж.

Постои уште еден чекор меѓу тоа, а тоа е слетување на астронаут на Месечината.

НАСА ја поставила 2024-та година како своја цел, а Space X се надева дека бродот ќе се спушти таму веќе во 2022-ра година, за да помогне во подготовките за слетување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг