АТП: Надал најдобар во 2019 година

Макфакс

18/11/2019

11:43

742

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал сезоната ја заврши на првото место на АТП листата. Шпанецот на врвот има 840 поени повеќе од најблискиот пратител Новак Ѓоковиќ.

Надал петти пат во кариерата годината ја завршува како број 1 во светот. Пет пати најдобри на крајот од сезоната биле Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Во последните 16 години само Енди Мареј, во 2016 година, успеал да им го одземе приматот на овие тројца.

Зад Надал и Ѓоковиќ се Роџер Федерер, Доминик Тим и Данил Медведев. Во првите десет уште се и Стефанос Циципас, Александар Зверев, Матео Беретини, Роберто Баутиста Агут и Гаел Монфилс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг