И Асад се сомнева во официјалната верзија: Џефри Епстајн е убиен, знаеше многу тајни! Еве што се крие зад ликвидацијата на Бин Ладен и Багдади

Точка

16/11/2019

16:26

5.228

Големина на фонт

а а а

"Основачот на Белите Шлемови, Џејмс Ле Месурие веројатно е убиен од агенти по наредба на ЦИА или со директна вмешаност на агенцијата", рекол сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Асад зборувал и за други чудни смртни случаи. Смета дека постои врска меѓу смртта на Џефри Епстајн, милијардерот педофил, и Абу Бакр Ал Багдади, некогашен лидер на ИСИС. 

"Американскиот милионер Епстајн е убиен, а велат дека извршил самоубиство во затвор. Меѓутоа, убиен е бидејќи знаел многу важни тајни за многу важни луѓе, во врвот на Америка и Британија, а веројатно и други земји. А сега е убиен и основачот на Белите шлемови, кој целиот свој живот го мина со НАТО во Авганистан, Косово, Ирак и Либан", вели сирискиот претседател.

"Сите знаеме дека Белите шлемови се дел од Ал Каеда. Верувам дека бин Ладен и Багдади се убиени бидејќи знаеле многу тајни. Кога ги одиграа своите улоги, станаа товар", додал Асад.

Смета дека смртта на Ле Месурие е дело на ЦИА.

"Јасно, ова е дело на тајните служби, но кои? Кога зборуваме за западните тајни служби генерално, тоа не се служби на суверени држави, туку ограноци на главната разузнавачка тајна служба - ЦИА. Многу е можно турските тајни служби да ја завршиле работата по налог на странци", уверен е Асад.

Сирискиот претседател мисли дека основачот на Белите шлемови работел на биографија и мемоари за својот живот, што е неприфатливо.

"Ова е претпоставка, но многу сериозна, со оглед на тоа дека другите опции засега не делуваат убедливо", рекол тој.

Организацијата Бели Шлемови е основана во Сирија во 2014-та година, а во центарот на јавноста дошла со објавување на контроверзни снимки и фотографии кои, наводно, докажувале напади кои ги изведувала сириската влада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг