Пејачката ја обелодени вистината: Се огласи Тамара за пријателството со Елена Ристеска

Точка

15/11/2019

21:15

6.125

Големина на фонт

а а а

Неодамна се зборуваше дека познатите македонски пејачки, Тамара Тодевска и Елена Ристеска не се во добри односи.

Како причина за ваквите шпекулации беше наведено тоа што не се следат на социјалната мрежа Инстаграм, што во денешно време, за жал или за среќа, многу открива за релациите помеѓу луѓето.

Ристеска за оваа вест рече дека е лажна, дека некој се обидува да ги скара и дека последните пораки со Тамара се само честитки за нејзиниот успех, но ништо не приложи како “доказ“ за тоа, па на фановите многу не им беше јасно што се случува.


Но, сè до вчера... Тамара Тодевска конечно стави крај на гласините, откако објави фотографија со неа.

„Колешка и другарка каква што секој би посакал“, напиша Тамара покрај фотографијата со Елена.

Интересно е тоа што фотографијата ја објави на Инстаграм-стори, а не “како објава“. На овој начин не им дозволи на следачите да пишуваат секакви коментари, туку мирно ја “спушти топката“ и ги занеме сите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг