Анџелина не сака да биде пријателка со Бред: "Им го преврте животот наопаку и на неа, и на нивните деца"

Точка

15/11/2019

13:01

2.566

Големина на фонт

а а а

"Станав мала, неважна, иако не го покажував тоа", рекла актерката за разводот со славниот актер.

Актерката Анџелина Џоли се развела од сопругот Бред Бит во септември 2016-та година, а и покрај тоа што минаа три година од разводот, Џоли и натаму не сака да има пријателски однос со популарниот актер. 

Добитничката на Оскар кон Бред чувствува горчина, бидејќи смета дека ги превртел наопаку животите на нивните шест деца. Наводно Анџелина не сакала да се омажи за Бред, а по разводот одлучила дека никогаш повеќе нема да се венча.

"Анџелина и натаму е огрочена поради Бред. Сака да преземе одговорност, бидејќи тој и го преврте животот наопаку. И на неа и на нејзините деца", изјавил изворот.

44-годишната актерка моментално снима филм во Шпанија, а неодамна изјавила дека би сакала да живее во странство, но не може да отсели поради поранешниот сопруг.

"Разводот навистина беше компликуван. Пред крајот на мојата врска со Бред не можев да се препознаам, како да изгубив дел од себе...Станав се помала, неважна, иако не го покажував тоа", изјавила актерката и додала дека била вистински повредена.

Поранешниот пар има шест деца - синовите Мадокс, Пакс и Нокс, и ќерката Захара, Шајло и Вивиен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг