Швеѓанецот со македонско потекло на мета на Интер

Точка

14/11/2019

15:48

1.091

Големина на фонт

а а а

Дејан Кулушевски има само 19 години и оваа сезона бележи одлични настапи за екипата на Парма.

Кулушевски инаку е член на Аталанта, но настапува во Парма како позајмен играч. Оваа сезона тој на 12 натпревари во Серија А постигна два погодоци и додаде две асистенции, со што го привлече вниманието на најголемите италијански клубови.

Со оглед на тоа што на Антонио Конте му се потребни алтернативи во нападот, посебно после повредата на Алексис Санчез, името на Кулушевски се поврзува токму со миланскиот гигант.

„Ако играм добро нормално е да пишуваат за мене и клубовите да се интересираат. Меѓутоа, не размислувам за тоа. Имам договор со Парма и кога ќе заврши сезоната ќе разговарам со агентот и семејството за тоа што е најдобро за мене“, изјави Кулушевски.

Дејан Кулушевски има македонско потекло, а роден е во шведскиот главен град Стокхолм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг