Ова е клучниот симптом на рак на јајници кој многу од жените го игнорираат и одат на доктор предоцна

Точка

13/11/2019

18:10

5.908

Големина на фонт

а а а

Милиони од жените се во голем ризик да развијат рак на јајниците затоа што игнорираат еден од главните симптоми за оваа болест.

Докторите предупредуваат дека главниот симптом за рак на јајниците e надуеноста, а дури секоја петта жена во Британија знае дека ова може да биде знак за узбуна.

Во споредба со ракот на дојка каде што речиси 3/4 од жените знаат дека промената на градите е симптом кој е индикатор за посета на доктор, симптомот за рак на јајниците останува не толку познат.

Докторката Анвен Џонс, директорка на Центарот за истражување на ракот на јајниците, вели дека неговото рано откривање е клучно за лечењето.


„Неприфатливо е жената да не ги знае овие податоци. Сакам секоја жена која има генетски предиспозиции за рак на дојка или јајници да седне и да се запраша “дали знам кои се симптомите на таа болест““ - вели докторката.

Истражувањето исто така открило дека само една од три жени ќе посети доктор доколку почувствува константна надуеност.

Поголемиот дел од нив ќе проба пробиотици или исхрана без глутен пред да посети гинеколог.

Доколку ракот на јајниците го откриете навреме лечењето е возможно во речиси 90 отсто од случаите.


Останати симптоми на рак на јајници може да бидат:

1. Болка во стомакот и карлицата;
2. Чувство дека брзо сте се најале; 
3. Често мокрење; 
4. Болка во грбот; 
5. Промена во празнењето на цревата; 
6. Нагло губење на телесната тежина. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг