Се сеќавате ли на куќите кои италијанското гратче ги продаваше по цена од 1 евро? Ова семејство купило една, а еве низ што поминале

Точка

13/11/2019

17:28

11.361

Големина на фонт

а а а

Во изминатите неколку години, бројни помали места на Сицилија со надеж дека ќе привлечат поголем број жители, нудеа понуди кои заинтересирале многумина.

Имено, иако звучи прилично неверојатно, луѓето можеа да купат куќа по цена од само 1 евро

Морган Гухот е од место недалеку од Нант, Франција, и таа е една од првите купувачи на куќа за 1 евро во Мусломели, прекрасно гратче во срцето на Сицилија. Домот кој го купиле таа и нејзиниот сопруг бил замислен да им служи како викендичка.

Повеќето договори кои се склопуваат со купувачите ги обврзуваат тие да вложат во реновирање на домот, а овој млад брачен пар не губел време и веднаш “се фрлил на работа”.

Речиси целосно ја завршиле обновата на куќата од 50 квадратни метри, ги офарбале ѕидовите и ги поправиле подовите.

“Нѝ преостанува уште да го реновираме купатилото. Бидејќи и двајцата се занимаваме со оваа работа, речиси сè направивме сами и беше прекрасно да се гледа како нашата двособна куќа полека оживува. Терасата од 15 квадратни метри од која се пружа поглед кон градот е неверојатна”, изјавила Гухот.


Куќата на Сицилија ќе им служи како дом за време на празниците и во текот на летниот распуст, кога нивните две деца се слободни.

“Кога одлучивме да инвестираме во друг дом, нè заведоа атрактивните поволни цени во Мусомели во споредба со недвижнините во Франција, но она што нè освои кога првпат дојдовме тука е шармот на ова место. Прекрасно е, а локалните жители се многу љубезни”, навела сопругата.

Иако и самите доаѓаат од едно рурално место недалеку од Нант, Мусомели за нив е многу помирно место.

“Гратчето се наоѓа во близина на прекрасните сицилијански дестинации и не е изолирано како останатите места. Тука имате сè што ви е потребно – од продавници до супермаркети”.


За нив двајца немало непријатни изненадувања – тие биле одлично упатени во сè што било потребно, а се надеваат дека еден ден оваа куќа ќе биде нивниот постојан дом кога ќе заминат во пензија.

Инаку во Мусомели на продажба се и згради, па така белгискиот бизнисмен Патрик Јансен потрошил 10.000 евра на 25 години стара зграда во лоша состојба, а за обнова вложил многу повеќе пари.

“Луѓето во Белгија не одмараат. Животот тука е многу поедноставен, градот е удобен и опкружен со природа. Совршен е за полнење на батериите и вистинска детоксикација”, вели Јансен.

Сицилијанскиот град Камарата бесплатно нуди напуштени домови за да се спаси од депопулација. Градоначалникот на Камарата, Винчензо Џамброне во последните три години се обидува да ги убеди сопствениците кои одамна ги напуштиле своите семејни домови да ги предадат на странците кои сакаат да живеат тука, пренесува “CNN”.

Постојат неколку услови во шемата на бесплатни куќи, а тоа се следните:

- Купувачите мора да се обврзат дека ќе го реновираат објектот во рок од три години.

- Кога ќе добијат куќа, сопствениците мора да уплатат депозит од 5.000 евра кој градот ќе им ги врати кога ќе завршат со реновирањето.

- Младите парови со деца имаат предност, а паровите кои ќе одлучат да живеат во Камарата, а имаат бебе ќе добијат и 1.000 евра бонус.

- Новите сопственици можат да ги претворат повеќекатниците во приватен дом, пансион, хотел, продавница или дури и ресторан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг