Италијанско гратче продава прекрасни куќи по цена од 1 евро

Точка

10/05/2019

16:00

4.615

Големина на фонт

а а а

Италијанското гратче Мусомели, на југот од Сицилија нуди купување на напуштени градски недвижнини по пат на онлајн продажба за само 1 евро. За сега понудени се 100 куќи, а планирани се уште 400.

Некои од куќите се многу малечки, но имаат повеќе соби и прекрасен, волшебен поглед кон италијанските села. Мусомели е сместен на ридот, на два часа возење од Палермо, има византиски пештери, средновековен дворец и многу антички цркви.

Мусомели е еден од најсигурните градови во Италија.

„Во последните неколку години, не е пријавен ниту еден грабеж, благодарение на софистицираниот видео надзор и засилените полициски сили кои го контролираат градот“ - пишуваат на сајтот.

Овој историски град има многу улички иако брои само 11 илјади жители. Во последниве години, во потрага по подобра работа, жителите полека го напуштале и се отселите во поголемите италијански градови. На куќите кои што властите одлучиле да ги продаваат, поставени се знаци со логото на сајтот каде што истите се ставени на оглас. Секој кој ќе купи некоја од недвижнините мора да ја реновира во рок од три години, а доколку не го направи тоа ќе го изгуби депозитот кој изнесува околу 7 илјади евра.

Не е прв случај

Реновирањето на куќата би чинело околу 100 евра по квадратен метар плус административните трошоци од 3600 до 5800 евра. Локалните архитекти и инженери тука се за да им помогнат на купувачите, но купувачите можат да си изберат и свои експерти. Минатата година, градот Ололаи, сместен во планинската област Барбагиа на Сардинија, понудил 200 напуштени камени куќи за 1 евро.

Популацијата во ова гратче, во последните триесет години се преполовила, останале само 1300 луѓе во средни години, воглавно парови без деца. Секоја година се раѓаат многу малку деца, па затоа градоначалникот на Ололаи, одлучил да го спречи падот на бројот на жители со што понудил куќи за едно евро. Со тоа купувачот морал да се обврзе дека ќе ја обнови куќата во рок од три години, во просечен трошок од 30 илјади евра.

Дали ова е вистина или шега?

„ Проектот „Case1euro.it“ не е шега. Проектот го управува општината Мусомели, која е посредник и мамка за трансакциите на купопродажба“ - пишува на сајтот.

Зошто куќите се продаваат за само едно евро?

Италијанците продаваат куќи за минимална цена од повеќе причини.

„Во Италија, сите државјани не мораат да плаќаат имотен данок на првата куќа. Доколку имате повеќе од една куќа тогаш мора да плаќате данок. Многу од граѓаните кои поседуваат повеќе од една куќа, мораат да плаќаат максимален данок на италијанската влада, па затоа подобра опција е истите да ги продадат по цена од 1 евро“ - велат тие.

„Многу од граѓаните во текот на “градежниот бум“ во 70-те години се преселиле во новоизградената област на Мусомели. Куќата била во сопственост на нивните починати родители или дедо и баба, па така останала празна. Многу од граѓаните исто така се преселиле во поголемите италијански градови заради работа, па затоа сакаат да ги продадат своите домови во Мусомели“ - пишува на сајтот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг