Што мисли едно четиригодишно дете за Audi S6 - одговорот ќе ве изненади

Точка

12/11/2019

18:00

3.366

Големина на фонт

а а а

Audi S6 некогаш имаше 5.2-литарска верзија на V10 мотор кој се наоѓаше во lamborghini gallardo. Тоа навистина беше посебен автомобил.

Меѓутоа, дали истото може да се каже и за новиот автомобил кој доаѓа со дизел мотор?

За да го открие тоа, домаќинот на јутјуб каналот “Car Throttle“, Алекс Керстен со помош на својот четиригодишен син Лука направиле интересно видео.

Audi во Европа овоj модел го нуди само со 3.0-литарски V6 TDI мотор кој произведува 344 коњски сили.

Audi S6 брзина од 0 до 100 километри на час постигнува за 5.1 секунди, а потоа продолжува да забрзува до 250 километри на час.

Што се однесува до Лука, него му се допаѓа ентериерот и тоа колку овој автомобил е брз. Една работа која воопшто не му се допаѓа се лажните врвови на ауспухот, кои исто така не им се допаднале ниту на љубетиле на овој бренд на автомобил.

За да го видите целото мислење на ова четиригодишно момче, погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг