Документарецот на Нетфликс за логорите на смртта: Зошто се Полјаците бесни?

Точка

12/11/2019

17:36

1.954

Големина на фонт

а а а

Полскиот премиер побарал од раководството на Нетфликс да ја измени мапата која се нашла во документарецот The Devil Next Door.

Полскиот премиер напишал писмо до компанијата Нетфликс, инсистирајќи на измена во документарецот за нацистичките логори на смртта. 

На мапата на која во серијата се прикажуваат логорите на смртта се нацртани границите на денешна Полска, рекол премиерот на оваа земја, Матеуш Моравјецки.

На тој начин Полска грешно се претставува како земја одговорна за логорите на смртта, а всушност во Втората светска војна била окупирана од Германија, додава премиерот.

Надлежните во Нетфликс одговориле за "Reuters" дека се свесни за загриженоста која постои околу документарецот.

Нацистичка Германија ја нападнала Полска во 1939-та година, што го означило почетокот на Втората светска војна.

Германците граделе концентрациони логори, вклучувајќи го и Аушвиц, убивајќи милиони луѓе, во главно Евреи.

Моравјецки во писмото до Рид Хејстингс, генералниот директор на Нетфликс, напишал дека е важно да се оддаде почит и да се сочува вистината за Втората светска војна и Холокаустот.

Тој рекол дека "некои дела" на Нетлфикс се многу неточни и дека ја "прекројуваат историјата".

Премиерот покрај писмото приложил и мапа на Европа кон крајот на 1942-ра година, како и приказната на Витолд Пилецки, кој доброволно бил затворен во Аушвиц и пишувал за искуствата откако успеал да побегне.

"Верувам дека оваа страшна грешка е направена ненамерно", додал Моравјецки.

Полска минатата година усвоила закон со кој говор кој имплицира полска вмешаност и одговорност за злосторствата кои ги направила нацистичка Германија се дефинира како кривично дело.

Сепак, поради меѓународниот притисок бил повлечен и дел од законот кој се предвидува казна затвор од три години.

Повеќето полски Евреи биле убиени во текот на операцијата.

Во текот на војната биле забележани и напади на Евреи и други цивили кои ги извршиле Полјаци.

Така во 1941-ва година, жителите на селото Једвабне, веројатно на инсистирање на нацистите, собрале повеќе од 300 Евреи и ги запалиле живи во Амбар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг