Инстаграм започна да ги „крие“ лајковите и во САД

Точка

12/11/2019

16:40

1.339

Големина на фонт

а а а

Како што е познато, иако лајковите и натаму ќе постојат, точната бројка ќе може да ја види само тој што ја објавил фотографијата.

Инстаграм веќе ја тестира оваа идеја за криење на бројот на лајкови во Австралија, Канада, Бразил, Италија и уште неколку држави, а сега тоа се проширува и на Соединетите Американски Држави.

Шефот на социјалната мрежа, Адам Мосери неодамна потврди дека тестирањето ќе зафати дел од САД, а се додека е на сила, корисниците нема да можат да го гледаат бројот на лајкови на објавите, туку само ќе можат да видат неколку кориснички имиња и „и останатите“.


„Ова го правиме поради младите. Основната идеја е да се намали притисокот на Инстаграм и социјалната мрежа да се направи помалку компетитивна - да им се даде на луѓето време повеќе да се сконцентрираат на поврзувањето со другите“, порача Мосери.

Додека Инстаграм верува дека оваа новост позитивно ќе влијае на нивната платформа, сепак идејата да се крие бројот на лајкови е многу непопуларна меѓу Австралијците и Канаѓаните - посебно кај „инфлуенсерите“ и луѓето од областа на маркетингот кои не можат да ја оправдаат заработувачката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг