Таа ја крие вистината од јавноста: Поранешниот менаџер на Шумахер проговори за легендарниот возач

Точка

12/11/2019

13:52

6.535

Големина на фонт

а а а

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вилхелм Вебер тврди дека сопругата на легендарниот Ф1 возач, Корина ја крие од јавноста вистината за неговата здравствена состојба.

Да потсетиме, на 29-ти декември 2013-та година Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање во Франција, по што претрпи тешка повреда на мозокот. Докторите соопштија дека Германецот речиси сигурно ќе загинел ако не носел кацига.

Поранешниот Ф1 возач потоа беше ставен во индуцирана кома на шест месеци. Од 9-ти септември 2014-та година тој се лекува во својот дом во Швајцарија на Женевското езеро, а за него се грижат неговата сопруга Корина, како и двете деца Џина-Мари и Мик.

Вебер, поранешен менаџер на Шумахер на кого му е забрането да го посети својот пријател, тврди дека ситуацијата не е таква каква што се чини и сопругата на Ф1 асот е загрижена дека „вистината“ ќе излезе на виделина.


„Знам дека на Михаел му е тешко, но не знам дали има направено некаков напредок. Би сакал да знам како му е, би сакал да се ракувам со него и да му го видам лицето. За жал, Корина не го дозволува тоа. Веројатно се плаши дека ќе бидам што се случува и ќе го кажам тоа во јавноста. Ако постои шанса, тој ќе ја искористи. Тоа не може да биде крајот. Се молам за него и уверен сум дека повторно ќе го видам“, изјави Вебер.

Поранешниот менаџер на екипата на Ферари во Формула 1, Жан Тод во јуни оваа година изјави дека Шумахер добро напредувал, но се мачел со комуникацијата. Тод изјави дека Шумахер во својот дом често гледал и Формула 1 трки.

50-годишниот Михаел Шумахер од несреќата досега не е виден во јавност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг