Туристичката организација на општина Будва, подготви петдневна програма за новогодишните празници што ќе започне во сабота на 28 декември и ќе трае се до раните утринските часови до 2 јануари – соопштено е на конференцијата за новинари кои денеска, покрај ТОБ присуствуваа и будванските хотелиери.
Ѕвездите за дочекот на главниот градски плоштад – Здравко Чолиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ ке настапуваат на 31 декември, односно 1 јануари, а меѓу бројните изведувачи исто така ќе настапат и Психомодо поп, Лена Ковачевиќ, Невена Божовиќ, Нено Белан, светски познатата DJ ѕвезда Махмут Орхан, Хари Мата Хари. Во текот на првиот ден ќе настапи и требињската рок група “Кругови во жито”, како и многу бројни црногорски изведувачи: Академија и Гула од Бар, Градската музика Будва, локалниот бенд Refugie Jesus & Apostols, The Grupa, Assa Voce, гудачкиот квартет “Lord of the Strings” и будванските DJ-и Стеван Мандиќ и Џон К.
Традиционално, на 1 јануари во 13 часот ке се одржи класичен музички концерт.
Маја Лешевиќ, директор на туристичката организација на општина Будва, ја истакна атрактивната програма, која со својата разноврсност има цел да привлече што поголем број посетители од земјите од регионот. Лијешевич исто така потврди дека постои “желба” да се смени концептот по две децении, според кои Будва е препознаена како новогодишен центар на регионот, со намера да се задржи тој епитет. Секој ангажман со “посериозно” светско музичко име бара и милионски буџет, за кои сеуште не се создадени услови – посочува директорката на ТОБ и потсетува дека и оваа година во програмот имаме светски познати имиња од светот на електронската музика.
Данило Кастратовиќ, претседател на Извршниот одбор на Тоб, смета дека програмата би можела да биде поквалитетна, т.е. повеќе во духот на Медитеранот што треба да го промовираме, што исклучува ангажирање фолк ѕвезди, и исто така истакна дека за време на седницата на Извршниот одбор повеќето членови одлучиле поинаку.
Програмата ја претставија и Будванските хотелиери.
Во “Палас” во текот на три ноќи ќе настапуваат Ацо Пејовиќ, Тијана Дапчевиќ, Нина Бадриќ, Северина и Дејан Петровиќ Биг Бенд. Хотелот “Сплендид” оваа година организира богата петдневна програма, од 31 декември до 3 јануари, а главни ѕвезди на празничните ноќи ќе бидат Неда Украден, Петар Грашо и Харис Џиновиќ.
Во хотелот “Фалкенштаинер” на најсвечената ноќ ќе настапуваат Нина Жижиќ и Данијел Алибабиќ, додека во хотелот “Мелиа” во Петровец, во текот на трите ноќи, гостите ќе ги забавуваат Позитив бенд, Милан Букилиќ, Бане Мојичевиќ, Ана Кокиќ и Инспирација бенд.
Хотелот “Маестрал” веќе го наполни својот капацитет за време на новогодишните празници, а за Божиќ, покрај многу поволни аранжмани, реши да ги угости атрактивните новосадски “Фрајле”. Специјални пакет аранжмани претстави и хотелот “Авала” во кој за музичката атмосфера ќе се погрижат “Light Motive бенд”.
После конференцијата во Будва, Туристичката организација, во соработка со хотелиерите, ќе ја претстави Будва како атрактивна новогодишна дестинација во сите земји од регионот.