Мота го издвои квалитетот на Пандев од кој е посебно задоволен: Привилегија е да се тренира Горан!

Дерби

10/11/2019

12:11

1.046

Големина на фонт

а а а

Џенова по вторпат оваа сезоан успеа да ја сочува својата мрежа на натпрвар во Серија А, првпат откако тренер на првиот тим е Тијаго Мота, човекот кој успеа да донесе навистина позитивни ветришта во тимот од „Луиџи Ферарис“.

Изминатава вечер, Горан Пандев како капитен на Џенова беше испратен со аплаузи од гледалиштето на „Сан Паоло“ кога беше повлечен од игра во 80-та минута, а наспроти сиот потенцијал во нападот, како што вели Мота, посебен квалитет на Македонецот е тоа што секогаш се жртвува за тимот. Мота имаше можност да игра со Пандев во Интер, а од тоа време кога „нераѕурите“ доминираа со Мурињо, добро познато е дека Горан во една ситуација играше практично и како лев бек под водство на португалскиот стручњак.

– Можам само да му честитам на Горан, можам да давам само комплименти за него. Знаеме каков играч е и каков играч ќе биде за нас. Тој може да ни помогне и за креација на играта. Бевме соиграчи во Интер, а сега имам привилегија да го тренирам. Од друга страна, задоволен сум и од Кевин Агудело, тој е многу млад и може да напредува крај Пандев, може многу да научи. И двајцата помогнаа многу, посебно ми се допадна нивниот пожртвуван дух за тимот, – посочи Мота по крајот на мечот кој заврши 0:0.



Спонзорирани линкови

Маркетинг