Кога ќе ја видат во рингот, луѓето се плашат за сопствениот живот, но на Инстаграм е вистинска убавица

Точка

09/11/2019

17:25

7.291

Големина на фонт

а а а

Пејџ Мишел Вандерфорд или позната како Пејџ Ванзант е популарна Инстаграм инфлуенсерка, модел и ММА борец. Има само 25 години, а нејзиниот живот овие денови е во центарот на медиумското внимание.

Пејџ е “страв и трепет” кога е во рингот, но вели дека многу повеќе заработува на Инстаграм отколку од спортот со кој професионално се занимава и во кој е многу успешна. 

Таа е незаводолна бидејќи мажите заработуваат многу повеќе од жените и смета дека е време тоа да се промени.

“Заработувам повеќе на Инстаграм од една објава отколку од борбите во рингот”, изјавила Ванзант која има над 2 милиони следбеници.

“Ако би го поминала животот во рингот, постојано би била во финансиски проблеми”, додава таа.

Кон почетокот на годината, Пејџ ја повреди раката и мораше да се повлече некое време од рингот за да закрепне.

“Ако продолжам да се повредувам, крварам и да се жртвувам, мислам дека би било во ред и жените во овој спорт финансиски да бидат исто третирани како и мажите”, вели таа.

Оваа мултиталентирана девојка рекламира производи за здрава исхрана на Инстаграм и редовно ги информира своите следбеници како правилно да тренираат. Вели дека луѓето се плашат од неа во рингот, но кога ќе ја видат, дознаваат колку е всушност таа симпатична.




Спонзорирани линкови

Маркетинг