Запознајте го Матапакос: Кучето демонстрант кое мрази полицајци!

Точка

08/11/2019

15:18

1.983

Големина на фонт

а а а

Во Чиле нема кој не слушнал за Матапакос - кучето скитник кое беше верен придружник на студентите кои протестираа за бесплатно образование.

Денес Чиле го доби новиот суперхерој - станува збор за „Паремен“, маскираниот мускулест демонстрант кој во судирите со полицијата се штитеше со сообраќајниот знак „Стоп“.

Набрзо „Паремен“ стана вирален хит на социјалните мрежи во Чиле и симбол на протестите кои започнаа против владините мерки за поскапување на цените на билетите за јавниот превоз. Токму „Паремен“ ги потсети Чилеанците на еден подзаборавен херој - кучето Матапакос кое беше симбол на студентските протести во 2011-та година кои од државата побараа бесплатно образование.


Не пропуштајте: Суперхерој на протестите во Чиле: Со сообраќаен знак тргна против полицијата и стана вистински хит!


Кучето скитник го доби името Матапакос што во превод значи „убиец на полицајци“. Матапакос секогаш присуствуваше на протестите на студентите соочувајќи се со солзавец и водени топови, ги напаѓаше и им лаеше само на „пакосите“ (пакос, чилеански сленг за полицајци).


Знамиња и транспаренти со ликот на Матапакос се појавуваат и на актуелните демонстрации во Чиле. Луѓето му оддаваат почит на кучето кое се бореше против полициската бруталност и тепањето на студентите, па така покрај „кучето со црвена марама“ се појавуваат натписи како „Јас бев тука“ и „Во твое сеќавање“.


Црниот Матапакос почина од старост пред две години, но неговиот бунтовнички дух и натаму живее, а Чилеанците покажаа дека не е заборавен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг