10 работи за групата Pink Floyd кои не сте ги знаеле: Опуштете се со фантастичниот и севременски звук

Точка

04/11/2019

20:45

4.923

Големина на фонт

а а а

10 интересни факти за групата Pink Floyd кои ги издвоивме со изборот на најдобрите песни. За почетокот на неделата да не ви биде толку многу тежок ви предложуваме на момент да избегате од секојдневието.

На денешен ден 1967-та година, англиската група Pink Floyd во САД во живо дебитирала на Winterland аудиториумот во Сан Франциско, а сцената ја делеле со Ричи Хејвенс и локалниот бенд “Big Brother & The Holding Company“ и Џенис Џоплин.

1. Во 2014-та година Pink Floyd го објавиле она за кое кажаа дека ќе им биде последен албум. “Endless River“ бил направен од песни кои биле започнати во текот на албумот “Division Bell" што создало база за одвоен проект на Ник Мејсон под работен наслов “The Big Spliff“. Албумот од 2014-та го завршиле Дејвид Гилмор и Мејсон.

2. Основачите на Pink Floyd, Роџер Ватерс и Ник Мејсон се запознале во 1963-та година додека положувале испити по архитектура во Лондон.

3. Гитаристот Сид Барет им се придружил на Мејсон и Ричард Рајт во околу 1965-та година кога од Кембриџ се преселил во лондон. До крајот на таа година тие се нарекувале “The Pink Floyd Sound“.

4. Зборовите “Pink“ и “Floyd“ потекнале од омилените блуз имиња на Сид Берет - Пинк Андерсон и Флојд Кауси.

5. Луѓето првенствено мислеле дека “Pink Floyd“ е име на еден член од групата, а особено во тоа верувале луѓето од музичката индустрија. Бендот на тоа укажал со стих од нивна песна “Have a Cigar“ - “Which one's Pink?“ во 1975-та година.

6. Го симиле својот прв албум “The Piper at the Gates of Dawn“ во студиото на “Abbey Road“.

7. Нивниот прв сингл “Arnold Layne“ е настанат според вистинска личност за која Роџер Ватерс знаел дека краде женска облека и долна облека од продавниците.

8. Дејвид Гилмор подоцна снимил своја лајв верзија од “Arnold Layne“ која ја направил во “Royal Albert Hall“ во 2006-та година со Дејвид Боуви како вокал. Песната стигнала на 19-то место на топ листите.

9. “See Emily Play“ била нивната прва песна која влегла во топ 10 на листите од 1967-та година. Ниту со една друга песна тоа не успеале да го направат до 1979-та година со “Another Brick in the Wall“.

10. Членот “The“ исчезнал од имињата на бендот во доцните 60-ти, а тоа било поради заминувањето на Сид Барет кој поради “ацид“ имал силни болки и напади на шизофренија па групата морала да продолжи без него. Тоа се случило додека заедно оделе на настап во 1968-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг