Метју Палмер во посета на Скопје

Макфакс

28/10/2019

17:42

1.403

Големина на фонт

а а а

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, утре ќе престојува во работна посета на земјава.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека Палмер ќе оствари средба со министерот Никола Димитров, со кого ќе дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг