Дел од корисниците во Општина Кисела Вода ќе останат без струја поради планирани исклучувања од ЕВН Македонија на 23 јуни 2026 година во определен временски период.
Без струја денеска ќе остана дел од корисниците во Општина Кисела Вода.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 23.06.2026 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 10.00 до 14.00 часот корисниците од ул. Герника бр. 1, 4, 5, 6, 7, 8 и ул. Сердарот (општина Кисела Вода)“, информира РЦУК Скопје.







