Томас Милер се сели во Интер?

Точка

24/10/2019

15:52

1.328

Големина на фонт

а а а

Милер веќе подолго време не е во добри односи со тренерот на Баерн, Нико Ковач, па се чини дека Германецот наскоро ќе ги напушти Баварците.

Како што пренесува германски „Кикер“, голема желба на Милер била да заигра за милански Интер, а наводно веќе тој и стапил во контакт со „Нераѕурите“. Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота потврди дека клубот разгледува напаѓачки опции за во јануари.

„Ќе ги анализиарме сите опции во јануари. Најдобрите играчи не ги менуваат клубовите во зимскиот преоден рок, но ние ќе се обидеме да убедиме некои од нив. Секако, доколку Алексис се врати на време, тогаш нема да има промени во нападот“, изјави Марота.

Милер оваа сезона одигра вкупно 12 натпревари, но на најголемиот дел од нив влегуваше од клупата за резервни фудбалери. Досега има постигнато само еден гол и шест асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг