Поранешната пратеничка на СДСМ објави видео од запалените автомобили: Волкот влакно менува...

Точка

24/10/2019

13:34

4.536

Големина на фонт

а а а

Маринела Маричиќ-Тушева, поранешна пратеничка која сега работи во Министерството за одбрана на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како горат запалените автомобили во Штип.

Утринава во околу 5 часот после полноќ беа запалени неколку автомобили на паркинг пред зграда во штипската населба Сењак. Во пожарот, три автомобили целосно се уништени, додека уште два кои биле паркирани во близина исто така биле зафатени од огнот и оштетени.

Два од овие автомобили се во сопственост на Тушеви, односно на Никола Тушев и неговиот татко Мите. Инаку, Никола е поранешен прв човек на Општинската организација на СДСМ во Штип и актуелен советник на штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

Сестрата на Никола, Маринела Маричиќ-Тушева, на својот профил социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео на кое се гледа како горат автомобилите и напиша: „На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш“.

Инаку, двата автомобили на Тушеви, кои што најверојатно биле главна мета на нападот, биле погодени од молотови коктели и не биле паркирани еден до друг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг