Конте со интересен заклучок по брилијантното издание на Интер: Поради еден играч добивам панични напади уште во 10-та минута

Дерби

24/10/2019

13:25

1.416

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте беше презадоволен од играта која ја прикажа Интер против Борусија Дортмунд, па дури дојде и до заклучок дека гостите од Германија се исплашиле од неговиот тим со самото менување на формацијата пред стартот на мечот.

Италијанскиот стручњак добро го анализирал бундеслигашот, а по победата од 2:0 нагласи дека противничкиот тренер Фавре ставил дополнителен човек во одбраната, со што само покажал преголем респект кон тимот кој го води Конте.

– Борусија Дортмунд го промени својот систем со пет луѓе во одбраната, што значи дека се исплашија од нас. Сакаа да играат со повеќе луѓе и побезбедно во одбраната. Се подготвивме за поинаков меч, но добро одговоривме на околностите на теренот. Брзо се навикнавме на нивниот систем. Галјардини, Барела и Брозовиќ завршија одлична работа и во одбрана и во напад. Често знам да му замерам на Брозовиќ што напаѓа премногу, но овојпат имаше перфектен меч. Што се однесува до Барела, тој е многу дарежлив и страствен играч, но поради него добивам панични напади уште по 10 или 15 минути игра кога непотребно добива жолти картони, – порача Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг