Кимих за неговата иднина: Прво ќе разговарам со…

Дерби

29/04/2024

12:19

1.320

Големина на фонт

а а а

Џошуа Кимих е еден од играчите кој е интересен за повеќе големи екипи, а причината за тоа е што му истекува договорот со Баерн Минхен во 2025 година.

Кимих скоро една деценија е дел од првата екипа на „баварците“, играч кој е од големо значање, играч кој знае да покрие повеќе позиции на теренот. Меѓутоа засега нема ништо околу обновување на соработката со Баерн и токму ова сакаат да го искористат тимови како Реал Мадрид и Барселона.

- Сакам да разговарам со Баерн. И кога ќе го направам тоа, нема да излезам и да разговарам со медиумите за тоа. Фокусиран сум само на двата натпревари против Реал Мадрид. Во моментов не размислувам за ова. Како што веќе реков, прво ќе зборувам со Баерн. Но, секако, Барселона и Реал Мадрид се неверојатни клубови со неверојатна историја, - рече Германецот кој сака да види и кој ќе биде новиот тренер.

- Ова е навистина интересно прашање за мене, но не е најважната работа во моментов. Знам дека кога потпишуваш договор не го потпишуваш со тренерот. Вие го потпишувате со клубот. За мене најважен е клубот, не само тренерот. Ама секако, исто така е важно да знаете што мисли тренерот за вас и за тимот. Другите луѓе во клубот се занимаваат со изборот на тренерот, - порача Џошуа за „АС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг