Била спортистка на годината во Холандија, а потоа завршила во порно индустријата

Точка

22/10/2019

20:48

13.904

Големина на фонт

а а а

Тенка е линијата помеѓу славата и пропаста. Денес сте горе, утре долу, а тоа на своја кожа го почувствувала и некогаш најдобрата холандска гимнастичарка Верона Ван Де Леув (33) која по многубројни медали, успеси, слава и резултати достојни за гордеење на големите светски и европски натпреварувања, конечно стигнала до статус на порно ѕвезда.

Тоа е денес оваа атрактивна русокоса на која занимавањето со гимнастика од мали нозе ѝ го обликувало телото, но не ни сонувала дека така всушност се подготвила и за својата втора кариера во која еластичноста и добрата кондиција исто така се важни предуслови за успех.

На ваков радикален пресврт во животот ја натерале неочекуваните животни околности: презаситеност со спорт, барање на нешто ново, но најмногу поради расправа со родителите кои ја исфрлиле од дома по што заедно со своето момче, две години спиела кај што ќе стигне.

На крајот оваа “пропадната“ гимнастичарка ја пронашла својата среќа во порно индустријата.

„Неколку зими беа навистина тешки и ладни. Снег на покривот од автомобилите, мраз на прозорците. Мора да преживеете, буквално. Кога имавме малку пари, купувавме леб за 50 центи и тегла путер од кикирики за цела недела“ - ги опишала најтешките денови кои ги поминала надвор од својата куќа Верона.

Таа својот живот и кариера го документирала во автобиографијата „Simply Verona“.

Пресудна година била 2011-та кога била уапсена поради изнуда, а по излегувањето од затвор добила понуда која “не се одбива“.

„Ми беше понудена убава сума на пари која едноставно не можев да ја одбијам. Со тие пари можев да си ја испланирам мојата иднина за која секогаш сонував, да отворам некоја своја работилница или пак да напишам автобиографија“ - раскажува Верона која во 2002-та година била прогласена за најдобра спортистка во својата држава.

Зад неа е речиси една деценија откако работи во порно индустријата и од која, како што вели таа, наскоро ќе излезе.

„На крајот од оваа година, бидејќи договорот ми истекува, ќе престанам да се занимавам со оваа работа. Уживав, но на тоа гледам како на работа“ - вели Верона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг