Туск: Деновиве ќе се знае дали Велика Британија ќе добие нов рок за излез од Унијата

Макфакс

22/10/2019

15:29

571

Големина на фонт

а а а

Во текот на следните денови лидерите на ЕУ ќе одлучат дали ќе ѝ се одобри на Велика Британија уште едно продолжување на рокот за излез од Унијата.

Ова го истакна претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој додаде дека нивната одлука ќе зависи од развојот на ситуацијата во Лондон.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера доживеа уште еден пораз откако претседателот на Долниот дом на Парламентот, Џон Беркоу, соопшти дека Владата не може да бара од пратениците повторно да гласаат за договорот за брегзит. Џонсон апелираше до пратениците оваа недела да го одобрат договорот за брегзит, нагласувајќи дека ниту тие, ниту ЕУ, ниту јавноста не сакаат ново одложување на излезот на Британија од Унијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг