Трамп во Сирија е поразен на сите фронтови: Направи огромна штета, а со еден потег направи 3 големи грешки

Точка

21/10/2019

11:53

2.025

Големина на фонт

а а а

Ги повлече американските сили и овозможи турска агресија на Сирија. Потоа му се закануваше на Ердоган. Потоа се договори со него.

Соговорниците на „Дојче Веле“ велат дека Доналд Трамп нема стратегија за Сирија, американските партнери се збунети, а влијанието на Русија, но и Иран во меѓувреме расте.

Трамп се однесува премногу незрело кога станува збор за еден така серозен конфликт кој трае веќе со години, однесе стотици илјади животи и расели милиони луѓе. Во четврток борбите помеѓу турската армија и Курдите ги спореди со детска тепачка: „Понекогаш морате да ги оставите да се тепаат, а потоа ги разделувате“.

Додека очигледно му е смешно на Трамп, реалноста во Сирија е - убиени над 500 луѓе, од кои 100 цивили, информации за употреба на озлогласениот бел фосфор од страна на турската армија, и над 300 илјади бегалци. УНИЦЕФ верува дека е загрозено снабдувањето со вода на 400 илјади луѓе, но за незрелиот Трамп тоа е „детска кавга“.

Шизофренија

Пред само две седмици Трамп нареди повлекување на американските сили од северот на Сирија со што го отвори патот за руска агресија. Трамп им го заврти грбот на Курдите кои се бореа против Исламската држава и беа најголем американски сојузник во регионот.

Но, откако Турците ја започнаа агресијата, Трамп му се закануваше на Ердоган дека ќе ја уништи турската економија, но не воведе санкции откако потпретседателот Пенс во Анкара успеа да договори петдневно примирје.

„Тоа е наводно решение на проблемот кој самиот го предизвика. Ѝ се заканува на Турција поради офанзивата за која Анкара мислеше дека има зелено светло од Вашингтон“, изјави за „Дојче Веле“, Френсис Браун од „Фондацијата Карнеги“.

Трамп воопшто не ги консултирал своите воени експерти пред да нареди повлекување на силите од Сирија. Експертите се согласни дека направена е веќе огромна штета. Трамп од една страна ги остави Курдите на цедило, а од друга страна го повика Ердоган „да не биде будала“.

Трите најголеми грешки

Администрацијата на Трамп предходно направи стратегија која имаше три важни цели - да се победи Исламската држава, да се намали влијанието на Иран и да се промени власта во Дамаск. Но, наместо американците да ги остварат своите цели, Трамп направи три големи грешки.

„Вашингтон Пост“ во петокот ја објави изјавата на еден од најистакнатите републикански сенатори Мич Меконел кој повлекувањето на американските сили од Сирија го нарече „тешка стратешка грешка“ со која се зајакнале непријателите, а ослабеле пријателите на САД.

Тоа беа необично жестоки критики кон Трамп од страна на „неговите“ Републиканци. Со повлекувањето на САД, се зголеми ризикот од повторно активирање на Исламската држава, со што беше направена првата грешка, потоа се зајакна влијанието на Иран затоа што Техеран е во добри односи со моментално најактивните учесници во граѓанската војна во Сирија, а тоа се Русија и Турција. Исто така, познато е дека Иранците се сојузници на Асад.

Кога сме кај Асад, тешко дека сега неговата власт може да биде разнишана, затоа што најголемите заговорници за тоа, Американците, сега веќе не се присутни во Сирија. Трамп очигледно заборавил дека армијата има и тоа какво директно влијание на ситуацијата во Сирија која сега е под контрола на Дамаск, Москва и Анкара.

За крај, во вторник турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин. Експертите тука го препознаваат поразот на Трамп - руската позиција во Сирија станува сѐ посилна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг