Лидерска средба без меѓународен фактор за првпат од независноста

Макфакс

20/10/2019

15:13

2.560

Големина на фонт

а а а

Лидерската средба организорана од Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска во 17 часот, е првата средба во овој формат од независноста на државава. Досега не се случила лидерска средба организирана од Претседател на тогашна Република Македонија, а сега Република Северна Македонија, без учество на меѓународен фактор.

Фокусот на оваа средба ќе биде недонесувањето на датум за почеток на преговори со ЕУ и организирање на предвремени парламентарни избори. Претседателот Пендаровски рече дека добил позитивни одговори од лидерите за учество на средбата.

Премиерот Заев истакна дека ЕУ направила историска грешка што на земјава не ѝ даде датум за преговори. Тој повика на брзи предвремени избори, за да, како што рече, граѓаните одлучат по кој пат ќе продолжи државата да оди. 

Вообичаено иницијатор на лидерските средби е меѓународниот фактор, некогаш од Европската унија, преставници на Стејт Департментот или локални претставници на Амбасадата на САД во Скопје, европратеници итн.