„Пробувам фармерки“ - напишала Кортни и ја тагнала Џенифер Лопез. Кортни Кардашијан го искористува слободното време да ја пробува многубројната гардероба која ја има во своја сопственост.
Па така таа се приближила до својот гардеробер, а потоа се разголила. Кортни ги облекла фармерките и позирала полугола, а тоа го објавила на Инстаграм.
Еве ја и објавата на Кортни.
Не многу долго потоа стигнал одговор од Лопез.
„Тој задник изгледа доообро“ - напишала Џеј Ло.