Гвардиола не сакаше да молчи: Имам пријатели кои ги чека затвор, Европа мора да реагира

Дерби

19/10/2019

13:06

2.432

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одлучи јавно да проговори за случувањата во Каталонија и одлуката на шпанската влада да уапси некои поддржувачи на оваа покраина.

Во Барселона се одржуваат протести за независност на Каталонија, и токму поради нив е одложен и дерби натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Гвардиола истакна дека се надевам дека ќе се реши целата оваа ситуација затоа што има пријатели кои ги очекува девет години затвор.

– Јас ги бранам човековите права и би ги бранел насекаде на светот, важно е да се бориме против расизмот и дискриминацијата. Не знам што ќе биде точно со мојата Каталнонија, се затвораат демонастранти. Имам пријатели кои ќе поминат по девет години затвор само поради гласањето. Затоа што од некого барале да гласа. Европа мора да се вмеша и да го реши овој конфликт, - истакна Гвардиола.