Pixel Buds на Google ќе бидат најголемата конкуренција на Apple AirPods

Точка

18/10/2019

16:12

1.805

Големина на фонт

а а а

Google деновиве во Њујорк ја претстави новата верзија на бежичните Pixel Buds слушалки.

Pixel Buds се мали и лесни слушалки, а како што велат од Google, нивниот дизајн овозможува најдобра репродукција на звук досега. Новата функција Adaptive Sound овозможува динамичко прилагодување на јачината на звукот врз основа на бучавата во опкружувањето.

Сушалките се дизајнирани да работат на големо растојание, односно преку Bluetooth со паметниот телефон можат да се конектираат и на оддалеченост од 90 метри.


На пример, корисникот ќе може да слуша музика во теретана и истовремено да го остави својот паметен телефон во ормарот.

Pixel Buds се опремени со Google Translate и Google Assistant сервисите, продажбата запонува на пролет, а ќе се продаваат по цена од 179 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг