За оваа докторка зборува цела Црна Гора: Детето проголтало шаховска фигура, мајката го однела мртво на доктор, а потоа настанало чудо

Точка

18/10/2019

16:00

12.364

Големина на фонт

а а а

Педијатарот Алма Дрешовиќ која пред една недела му го спасила животот на детето кое проголтало шаховска фигура кажала дека нејзиното најголемо задоволство било тоа што детето преживеало и што е добро.

Дрешевиќ изјавила дека минатиот четврток во околу 19 часот во болницата било донесено дете кое не давало знаци на живот, а со него била неговата мајка која вриштела.

„Дете на возраст од една година и пет месеци проголтало шаховска фигура - пион. Бидејќи детето веќе беше мртво, немав идеја што треба да направам. Во тој момент само знев дека треба некако да ја извадам фигурата затоа што секунди беа во прашање. За среќа, успеав да ја вовлечам раката со тоа што шаховската фигура нема да го уништи хранопроводот и ја извлеков фигурата“ - изјавила Дрешевиќ.

А потоа, како што додава таа, почнала борбата за живот.

„Кога ја извлеков фигурата, морав да правам реанимација уста на уста и масажа на срцето. По две реанимации, го слушнав чукањето на срцето. Кога го направив третиот циклус на реанимација, прво срцето почна да чука, но морав да продолжам, затоа што детето не дишеше“ - раскажува Дрешевиќ.

По четири пати давање на вештачко дишење детето зело воздух и почнало да дише.


„Во тој момент знаев дека детето е спасено. Срцето работеше, детето дишеше. Мислев дека треба да биде на респиратор. Но, за моја среќа не беше така. Добив информација дека детето уште од саботата е пуштено дома. Најголемото задоволство кое можев да го доживеам е тоа што детето преживеа“ - изјавила Драшевиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг