Девојка побарала од нејзиниот татко да ѝ купи хигиенски влошки, а неговиот одговор го насмеа светот

Точка

18/10/2019

13:15

26.699

Големина на фонт

а а а

Еден татко од Велс го нарекле “легенда” на Твитер откако неговата ќерка објавила скриншот од пораките кои тие ги разменувале, а во кои таа побарала од него да ѝ купи хигиенски влошки од продавница.

Корисничката на Твитер, Ниам, побарала од нејзиниот татко Ендрју да ѝ купи влошки, а неговата реакција е вистински хит на оваа социјална мрежа. 

“Можеш ли да ми земеш некои влошки со крилца пред да затвори продавницата, те молам”, пишувало во пораката која Ниам му ја испратила на татко ѝ.

##https://twitter.com/niamhpemx/status/1180860630741458945##

“Црна рибизла или лимета?”, напишал таткото, алудирајќи на виолетовото и зеленото пакување на влошките, а неговиот одговор искрено го насмеа светот.


“Генијален одговор на вашиот татко и мило ми е да видам што не се двоумел”, гласи една од реакциите. Многумина упатиле и пофалби за нејзината блискост со татко ѝ.

“Одлично е тоа што сте толку блиски и што не ти е непријатно да го прашаш. Тој е легенда”, гласи уште еден од коментарите на Твитер.

Но, не сите го поддржале нејзиното барање – некои го нарекле “чудно и непријатно”, на кое Ниам одговорила:

##https://twitter.com/niamhpemx/status/1181691162379337728##

“1. Тој живее само со жени – мојата сестра, мојата мајка, својата сестра и својата мајка. 2. Бев на работа до 17 часот, а продавницата затвора во 16 часот во недела. Не возам, ниту мојата мајка. 3. 2019 година сме, а не 1969”, одговорила девојката, а и многу други застанале во нејзина одбрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг