Поради протестите во Каталонија двајца играчи на Барселона одбиле да тренираат со клубот

Дерби

18/10/2019

11:21

1.432

Големина на фонт

а а а

Протестите во Каталонија донесоа и промени во шпанскиот фудбал, па така големото дерби „Ел Класико“ кое беше закажано за 26 октомври ќе биде одложено за месец декември.

Поради протестите и блокадите, фудбалерите на Барселона на натпреварот со Еибар ќе мора да одат со автобус и така да поминат 600 километри за да го одиграат првенствениот натпревар.

Како што пишуваат медиумите во Шпанија, некои играчи на Барселона одбиле да тренираат затоа што ги поддржуваат протестите. Станува збор за Жерар Пике и Усман Дембеле кои ќе го пропуштат последниот тренинг пред гостувањето во Еибар.

Останува да се види дали Валверде ќе ги вметне во тимот за пресметката со 14. пласираниот тим во Ла Лига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг