Google ги претстави новите Pixel 4 и Pixel 4 XL

Точка

17/10/2019

17:11

1.611

Големина на фонт

а а а

Американскиот технолошки гигант Google во Њујорк ги претстави двата нови паметни телефони, Pixel 4 и Pixel 4 XL.

Pixel 4 ќе биде достапен во три нови бои - бела, црна и портокалова која ќе биде ограничена. Нарачките веќе се примаат, а испораките се очекуваат на 24-ти октомври. Pixel 4 ќе се продава по цена од 799 долари, додека пак моделот Pixel 4 XL ќе чини 899 долари.

Pixel 4 XL пристигнува со 6,3-инчен Quad HD екран, додека Pixel 4 има 5,7-инчен екран со резолуција од 1080p и фреквенција на освежување од 90 Hz. Екранот е брз и брзо реагира, но фреквенцијата на освежување автоматски се менува на вообичаените 60 Hz во одредени услови за да се продолжи траењето на батеријата.


Освен големината на екранот и капацитетот на батеријата (2.800 mAh и 3.700 mAh), двата уреди имаат идентични спецификации. Го користат Snapdragon 855 процесор на Qualcomm, имаат 6 GB RAM и 64 или 128 GB интерна меморија.

Еден од главните новитети е новиот систем на Google за отклучување на телефонот со препознавање на лице, кој што е одговор на Face ID технологијата на Apple, а другиот новитет е новата метода за интеракција наречена Motion Sense која ја користи Project Soli технологијата.

Благодарение на Motion Sense може да се управува со музичкиот плеер или да се прифаќа или одбива дојдовен повик со едноставно движење на рацете над екранот. Оваа можност ќе може и да се исклучи.


Оваа година од Google одлучија да додадат и телефото камера покрај стандардните две камери. Телефото камерата нуди 2х зумирање благодарение на хибридниот оптички и дигитален фокус.

Новите уреди на Google имаат и нови софтверски финти, а подобрени се и постоечките модови како што е Night Sight, мод кој сега има подолга експозиција за астрофотографија. Live HDR+ нуди реален увид во фотографијата која ќе ја добиете откако Google ќе заврши со процесирањето на фотографијата.

Исто така, новите Pixel 4 и Pixel 4 XL ќе ја добијат и новата апликација на Google - Recorder, која го снима разговорот и автоматски со помош на вештачка интелигенција го претвора во текст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг